ОД ЛЕВИЦА ГО ПОШЉАКАА КОСТОВСКИ – КОМИТА НА БАТЕРИИ

Генералниот секретар на Левица, Јована Мојсовска со жестока реакција за фотографијата на градоначалникот на Бутел од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски со кланот Дардишта, средба на која е договорена блокадата на Комуналното претпријатие во Скопје.

Мојсовска го нарече Костовски „комита на батерии“ имајќи во предвид со кои луѓе седи на маса.

-Комитите на батерии се ставија во одбрана на кланот ДАРДИШТА. Бујар Дардишта (директор на ЕСМ) е адвокат на Диво Насеље, а Шкодране Дардишта е учката која се закануваше со војна. Мизерија!