МУ ГО ОДЗЕМАА ЗБОРОТ ОТКАКО ОБЈАВИ ДЕКА ДИРЕКТОРОТ НА ВОДОВОД ЗА ЕДНА НЕДЕЛА ВРАБОТИЛ 200 ПАРТИСКИ ВОЈНИЦИ

Заменик градоначалникот на Град Скопје, Александар Трајановски ги потона Мицковистите во Советот на Град Скопје откако во јавноста беше обзнането дека градоначалникот на ВМРО-ДПМНЕ во Бутел, Дарко Костовски учестувал директно во блокадата на Комуналното претпријатие во Скопје.

Тој посочи дека Советниците на ВМРО-ДПМНЕ, во советот на Град Скопје размислувааат само за своите фотелји и за ништо друго.

-Партија која во јавноста се претставува како реформирана, партија со нови лица, со честите и чесни кадри, а всушност е длабоко навлезена во подземјето и соработката со овие луѓе. Мене ми е јасно зошт вие сте уплашени од овие постапки во кои ние се обидуваме да го доведеме КХС во функционалнос, барем оние кои што му мислат добро, вие дефинитивно не му мислите добро на Скопје. Вие мислите само на партиските вработувања и на фотељашите затоа сте и овде дојдени. Вашите мисли не се со проблемите на граѓаните на Скопје, вашите мисли се само на фотелјите и на елитите кои се уште хараат по државните институции, кои се слоеви и слоеви наталожени во изминатите години, изјави Трајановски.

Трајановски откриј мега скандал посочувајќи дека поранешниот шеф на кабинет на Мицкоски, Златко Перински во една недела откако станал директор на Водовод во претпријатието вработил нови 200 партиски војници.

-Вие успеавте за една недела во Водовод да вработите 200 луѓе. За една недела не можете да интервјуирате 200 луѓе. Сега истото набрани во тесно се екипиравте со оние со кои сте заедно и на оние на кои им седите во скут. И тоа не е проблем ако на граѓаните јавно им го кажете, вие со тие луѓе сте упајташени, со криминални стурктури кои го девастираат комуналното претпријатие со децении наназад. Вие придонесувате тој канцер да се развива, сите 20 години наназад. И ако ние во овие 11 месеци сме се пресметале со овие партиски вработувања кои што не работат во интерес на граѓаните, во најмала рака требаше да ја наведнете главата и дадете поддршка ако вие не сте можеле да го решите проблемот. Еве како што гледа сега кооринаторката во земја и на страна, тоа се случувало и во изминатите 20 години, посочи тој.

И покрај заканите и притисоците, Трајановски потенцираше дека ниту тој, ниту било кој од градската администрација не се плаши.

-Не ви се плашиме, викендов имаше опсада на КХС, вие правевте театар. Театар. За дневно политички поени договорен на средбата на која колешката ви ја покажа сликата. Со најкриминалната група која раководи со КХС и малтретираат вработени. Таму имаше лица кои сакаат да работат и истите беа претепани од оваа група. Од оваа група со која седи вашиот градоначалник на општина Бутел има приведени за физички напад, за тешки телесни повреди за спречување на јавна дејност. Ама вие не знаете закони, вие знаете како ќе ви кажат од штаб така да зборувате. Никогаш не сте работеле вие и не знаете што е закон. Не постои тоа за вас. Вие сте инструирани само да дејствувате со деструктивност и саботажа. Истото беше со ЈСП и Водовод сега и со Комунална. Мене ме плаши што оваа група луѓе кои ја го девастираат КХС се истите оние кои што се потсетуваат дека на таванот имаат чизми. Со овие луѓе седите на маса, а вашето членство го лажете. Продавате лажен Македонизам и целава оваа ситуација која ја правите во Скопје е затоа што сте неспособни да се справите со повисоките политики, а и овде не се справувате. Немате капацитет, освен саботажа и блокада друго не знаете да направите, заклучи Трајановски.