ВИДЕО – ЛЕВИЦА ГО ВРАТИ ПАРКОТ АСНОМ ВО ЧАИР – ГО СМЕНИЈА ИМЕТО „УКРАИНА“

Со герила акција на подгранокот Црвена Младина, активисти на политичката партија Левица го вратија оригиналното име на паркот на народните херои во скопски Чаир.

„Денес Црвена Младина се погрижи да ја поправи намерната или ненамерна грешка и некогашниот парк на народните херои кој беше именуван Украина, го преименувавме АСНОМ. Дали некој свесно ја цензурира антифашистичката борба и дали тоа се наследниците на балистите и домашните врховисти оставаме да судите вие. АСНОМ ЖИВЕЕ!“, објави синоќа Црвена Младина.