ВО БЕЛГРАД НЕВРЕМЕТО КАКО ОД ХОРОР ФИЛМОВИТЕ

Застрашувачка фотографија од невремето во Белград сликано од далеку стана хит на социјалните мрежи. Необично големиот облак од бурата кој го надвиснал главниот српски град според инстаграмџиите личи на сцена од познатиот филм „Ден на независноста“ во кој над Њујорк доаѓа огромен матичен вонземски вселенски брод за го потчини човештвото. Други пак пишуваат „Путине, си ја промашил целта“.

Српските медиуми објавија и снимки од кранот во Белград кој се струполи во бурата, но и од луѓе како врискаат по улиците. Невремето ги зафати и Хрватска, делови од Словенија и од Босна и Херцеговина.

А уште една застрашувачка снимка доаѓа од Загреб. Таму луѓе биле заглавени на жичницата Сљемен во текот на невремето и успеале да го снимат кобниот момент. Силниот дожд удирал по стаклото на гондолата додека таа се нишала.