АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДОРКА ПОРАЧА – КОРУПЦИЈАТА ВО МАКЕДОНИЈА Е ПРЕДАВСТВО НА НАРОДОТ!

На денешната прес-конференција амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Македонија, Анџела Прајс Агелер порача дека ставањето на бизнисменот Орце Камчев на црната листа на Министерството за финансии на САД е уште еден показател дека САД ќе ги употреби сите алатки за да ги стави под одговорност сите оние кои се вклучени во коруптивни активности, без разлика на нивните позиции и моќ.

-Злоупотребата на моќ, корупцијата на Камчев е и предавство на народот на оваа земја. За Македонија да ги надмине предизвиците кои се пред неа и на патот кон ЕУ, корупцијата не смее да помине неказнето. Институциите овде треба да продолжат понатаму според законите на Македонија. Се надевам дека луѓето на оваа земја ќе бараат одговорност од луѓето на позиции, истакна Агелер.