МАКЕДОНИЈА ГО ОСВОИ ПРВИОТ МЕДАЛ НА ЕИ – МАКЕДОСКИОТ ЛАВ СЕ ПЛАСИРАШЕ ВО ГОЛЕМОТО ФИНАЛЕ

Таеквондистот Дејан Георгиевски го освои првиот медал за Македонија на Европските игри (ЕИ) во Краков, откако со релативно лесниот триумф во две рунди во полуфиналната борба против Иван Гарсија Мартинез (Шпанија) се пласира во големото финале.

Тој веќе го има среброто во џебот, но ќе даде сѐ од себе да дојде и до златото, за што ќе му треба триумф во вечерашниот дуел против Британецот Луис Канингам (20.35 часот).

Георгиевски на патот кон финалето прво го совлада Италијанецот Матија Молин (2-0), како и Украинецот Андри Харбар (2-1).