ЉУБЧО САКАШЕ ДА ЈА ДЕЛИ МАКЕДОНИЈА АМА АХМЕТИ ГО СПРЕЧИ – ВНУКОТ НА АХМЕТИ СЕ ГОРДЕЕ СО СВОЈОТ ВУЈКО

Немаше да ја имаме Македонија денес ако го следевме Љубчо Георгиевски кој ќе ја поделеше државата. Но, Али Ахмети не го потпиша тоа, а сега вие не го цените доволно.

Ова на денешната прес-конференција го истакна внукот на Али Ахмети, Дрин Ахмети, кој заедно со албански бизнисмен го купува деловниот центар „Соравија“ во Скопје.

Тој се правдаше дека Али Ахмети му е вујко, но дека тој нема ништо со овој бизнис.

– Точно е дека Али Ахмети ми е вујко, Бог да го благослови. Тој е мојата мотивација. Ахмети ѝ помогна на оваа земја. Сега немаше да ја имаме Македонија ако го следевме Љубчо Георгиевски кој ќе ја поделеше државата. Но, Али Ахмети не го потпиша тоа. Не го цените доволно овој човек. Горд сум поради тоа што го имам за вујко, но тој нема ништо со мојот бизнис – рече Дрин Ахмети.